Пораката која што ни ја пратија граѓаните е буквално силен жолт картон со којшто треба некои работи не ги промениме во текот на кампањата, пред се да знаеме да слушаме, дополнително сето она што ни го укажуваат граѓаните да го промениме, кажа во гостувањето на Канал 5, функционерот на СДСМ, Дарко Каевски.

-Ако направите една анализа на гласовите ќе видите дека ВМРО – ДПМНЕ буквално стагнира, дури дополнително се намалува во делот на гласовите кој што го има. Со тоа ни покажува дека граѓаните не не казниле со тоа што дале глас за опозицијата, затоа што знаат за каков профил на политичка партија се работи, туку само не казнија во делот на нашите политики, рече Каевски.

Тој кажа дека опозициски поддржувач и човек кој што присуствува на сите партиски собири изјавил дека доаѓаат тешки денови за дрл од новинарите.

-Главниот одговорен уредник е споменат исто како и сопственикот на Канал5. Ако Миленко Неделковски не го познаваш, ова е правото лице на ВМРО – ДПМНЕ, уште првиот ден, уште не ја добиле битката, а нема да ја добијат кажуваат „Доаѓаат тешки денови“, тоа е лицето буквално во моето воведно излагање и тоа го напоменав, граѓаните препознаваат, граѓаните знаат дека чука на врата режимот, заклучи Каевски.