Од зголемениот буџет на општина Куманово, средствата ќе ги насочиме во невладиниот сектор, а приоритет ќе ставиме на лица со попреченост од ,,Порака наша”- изјави кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски во утринската програма на Канал 5 телевизија.

,,Уште во времето кога градоначалник на општина Куманово беше Зоран Дамјановски се формираше здружението ,,Порака наша”, општината им помагаше, а сега ние ќе продолжиме и ќе го надградиме овој центар, како би им олесниле на лицата со попреченост да добијат поубави услови за претстој во овој центар, рече Илиевски и додаде дека се грижиме за сите граѓани во општината.

,, Направивме проекти и за лица со посебни потреби за да бидат вклучени и тие во општеството, рече Илиевски.