Пробајте ја солената верзија на познатиот десерт.

Состојки:

1 кг компири

2 јајца

1 лажичка сол

3 лажици брашно

1 кромид

200 гр мелено месо

50 гр сланина

Подготовка:

Излупете ги компирите, исечете ги и сварете половина од нив. Сировиот компир изрендајте го на тенко ренде, а истото направете го и со сварениот компир кога малку ќе се излади. Измешајте ги сварените и сировите рендани компири, зачинете ги со сол и бибер, а потоа измешајте ги со брашното и јајцата.

Оставете ја смесата да отстои половина час. Во меѓувреме на загреано масло пропржете го месото со ситно сечканиот кромид и зачинете.

Од смесата направете кнедли и во секоја ставете малку пржено месо. Гответе ги во солена вода околу 25 минути. Послужете ги и по желба посипете ги со пржени парчиња сланина или валкајте ги во презла.