Домашната супа со тестенини или кнедли се прави со пилешко, говедско или телешко месо. Заменете го ова месо со мелено месо и додадете ќофтиња во супата

Често се случува меленото месо да биде тврдо и суво, а за да ви бидат сочни ќофтињата, задолжително маринирајте ги во пиво. Во меленото месо додајте сечкан кромид, презла и пиво, па ставете во кесичка. Пожелно е да ги чувате во маринадата, во фрижидер 1 ден, а доколку немате време можете и пократко.

Подготовка: Морковот ситно се сечка и се пржи на масло. Додадете ситно сечкан кромид, пиперка и целер и покријте. Оставете го зеленчукот да врие околу 7 минути, а потоа додадете 1,5 литри вода. Кога ќе зоврие додадете компири исечкани на коцки. На меленото месо по желба додајте го сечканиот кромид, презла и зачините или маринирајте го во пиво. Направете мали топчиња да се валкаат во брашно, па додајте ги во супата. Гответе 10 минути на тивок оган. Потоа додадете ги тестенините и оставете ги на тивок оган уште 12 минути. Готовата супа тргнете ја од оган, па додадете го сечканиот магдонос. Јајцето изматете го со павлаката, па прелијте и промешајте.