Доколку сакате да се одморите од месото, еве еден предлог.

Состојки:

300 гр ориз

1 домат

половина црвена пиперка

половина жолта пиперка

1 кромид

100 гр боранија

50 гр пченка

Неколку лажици маслиново масло

Сол, бибер

Соја сос

Свеж магдонос

Подготовка:

Гответе го оризот со долго зрно во солена вода според упатствата на пакувањето.

Измијте ги боранијата, црвената пиперка, жолтата пиперка, доматот и младиот кромид. Потоа исецкајте го целиот зеленчук на коцки и пржете неколку минути на малку масло, сол и бибер во вок или во голема тава.

Додадете неколку капки соја сос и малку сок од лимета.

Потоа додадете го сварениот ориз и добро промешајте за да се соединат вкусовите.

Послужете веднаш додека е топло и додадете малку свеж магдонос одозгора.