Како гордо тргнал овдешниот национализмот, не само Пирин и Егеј, туку и Вардарот ќе го изгубиме

Вака некако и не толку одамна за да се заборави, како сега нашите полициски питомци со “Бисер балкански” што онака предизборно наместено и во хорски строј му ја испеаја на нивниот времен министер, исто така некако и во времето на Милошевиќ тамошните полициски питомци на тамошниот министер му ја отпеаја “Ко то каже ко то лаже Србија је мала”, го пумпаа национализмот, Милошевиќ ги добиваше изборите, а обратно пропорционално, земјата Србија му стануваше сè помала па, кажано во една реченица, малку покроце со хормоналните пориви за таа пуста власт и памет во глава зашто како гордо тргнал овдешниот национализам, не само Пирин и Егеј туку и Вардарот ќе го изгубиме.

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Извор: Civilmedia.mk