Веста за страшната трагедија што се случи во Бугарија не потресе сите. Многу млади изгубени животи, неизмерна тага и болка за семејствата до кои изразувам сочувство. Утрово во болницата во Софија ги посетив патниците кои ја преживејаа страотната сообраќајка. Во разговор со колегите од Клиниката, пациентите се згрижени, соодветно третирани и сите се стабилни и надвор од животна опасност, напиша министерот за здравство Венко Филипче утрово на фејсбук.