На 14-тиот ден од инвазијата на Украина, Русија објави прекин на пукањето во осум часот, според наше време.

Целта е да се мине низ хуманитарни коридори, додека информациите за нив се очекува да бидат испратени до украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Да потсетиме, неколку претходни премини на овие коридори пропаднаа бидејќи Русија не престана да пука и покрај договорот, а Украина им порача на граѓаните да се вратат на безбедно.

Се очекуваат информации за коридори од Киев, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол.