Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Миле Зечевиќ по повод празникот Свети Сава, упати честитка до сите припадници на српската заедница во земјава и до сите православни христијани кои го слават денешниот празник.

„Во име на СДСМ и во мое име, до сите вас кои го празнувате денешниот празник Свети Сава упатувам срдечни честитки и ви пожелувам добро здравје и спокоен живот.

Ви посакувам празникот Свети Сава да го поминете во духовен мир со своите најблиски.

Да ги негуваме меѓусебние односи и различните култури. Да го сочуваме богатството на нашата заедничка татковина од традиции, култури и различности, каде припадниците на српската заедница даваат важен и постојан придонес.

Вредностите на меѓусебното разбирање, почитување и помагање што ги чуваме и негуваме нека бидат поттик за секој од нас.
Имајте убав празничен ден! Нека е за многу години Свети Сава!“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.