„Дефенс блог“ вечерва објави информација дека руските сили во Украина собориле сопствен хеликоптер Ка-52.

Украинската група за следење на оружјето ОСИНТ извести дека руските противвоздушни сили собориле јуришен хеликоптер „Ка-52 алигатор“ во областа Запорожје.

– Руски јуришен хеликоптер „Ка-52“ (РФ-91335) е соборен од руски Панцир-С1 во пријателски оган во областа Запорожје, објави „Дефенс блог“.

Под оваа вест, низа коментари со кои се потсмеваат на руската армија…

Од друга страна, руските медиуми јавија дека екипажот на хеликоптерот го преживеал падот, но не соопштуваат кој го урнал хеликоптерот.