„Оваа партија, на чело со Киро Глигоров, ја внесе Македонија во Обединетите нации. Со СДСМ, Македонија во 2005 стана земја – кандидат за членство во ЕУ. СДСМ, заедно со вас граѓаните го сруши режимот на Груевски, режим кој ја блокираше нашата европска иднина“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Неготино.

Тој додаде дека СДСМ е заслужен што Македонија стана рамноправна членка на НАТО, а ефектите од тоа ги чувствуваме денес.

„А ви гарантирам, СДСМ заедно со вас, граѓаните, ќе ја внесе земјата и во Европската Унија. И од тоа не се откажуваме“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека СДСМ е силна партија и единствен легитимен наследник на НОБ и партија која секогаш е подготвена да се бори за граѓаните и иднината на земјата.