Кој сака да посетува кафани и кафулиња и ресторани нека си се вакцинира. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција. Тој појасни дека потврдите за вакцинирање ќе се бараат на влез на угостителеските објекти.

При влез на секој гостин во угостителски објект ќе се бара потврда за вакцинација и тоа ќе го прават редарите што ќе ги организираат менаџерите на угостителските објекти, тоа е нивна обврска. Но, угостителските објекти што имаа капацитет помал од 30 луѓе немаат обврска да органзираат редарска служба. Во објектите кои имаат обврска да организираат редари ако најдеме невакцинирано лице, казна не плаќа тоа лице туку угостителот, објасни Бектеши.