На 07.11.2026 во 14:20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода жена на возраст од 30 години од Скопје, по претходна пријава дека при посета на осуденик на возраст од 34 години, во видувалната на установата, при личен претрес кај неа биле пронајдени и одземени две паковки со марихуана.

Истиот ден, во 15:55 часот, во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека при проверка на пакет наменет за осуденик на возраст од 40 години, кој претходно го оставила неговата мајка, биле пронајдени 171 таблета.

За двата случаи се преземаат мерки за нивно расчистување.