На 07.11.2026 околу 13:40 часот, на паркинг-просторот кај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 67 години од Скопје, удрило во пешак на возраст од 93 години, исто така од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 93-годишниот пешак, а повредите биле констатирани во приватна здравствена установа.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.