На 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од скопско пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“, управувани од три лица, при што едното лице физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди.
Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...