Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Жената која доби ново срце имала вродена срцева маана и подолго време чекала донор

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово на Клиниката за кардиохирургија е извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава.

„Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која тареше 5 часа, а поради сериозноста на истата, следните 48 часа се критични за пациентката“, велат од Министерството.

Одтаму додаваат дека донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи.

„За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност“, се наведува во соопштението.

На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрези кај двајца пациенти за чија здравствена состојба Министерството дополнително ќе ја информира јавноста, откако ќе завршат операциите.

Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рентгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница Жан Митрев.

Можеби ќе ве интересира...

Лукаревска: ЕУ е стратешка цел на која треба да работиме сите заедно, партиите да се водат од државните интереси

Vesti +

Високи бројки: Нови 15 починати од ковид, троцифрен број на новозаразени

В+

Спасовски: Со гордост и достоинство го одбележуваме 11 Октомври

В+

Први процедури на аблација на преткоморна фибрилација изведени на УК за Кардиологија, Скопје

В+

МТСП: Речиси 60 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, апелираме и останатите да се имунизираат и да го заштитат своето, но и здравјето на децата за кои се грижат

Vesti +

Костадин Костадинов: СДСМ носи закони важни за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира, се заканува и шири лажни вести

Vesti +