Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што утринава го погоди Кахраманмарас во Турција имал сила од 130 атомски бомби, изјави сеизмологот, геофизички инженер Овгин Ахмет Ерџан.

Тој додаде дека земјотресот во овој град траел 43 секунди, пренесува Хуриет.

Откако утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција земјотрес од 7,7 степени, нов разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала повторно ја погоди земјата.

Според првите информации, епицентарот на вториот земјотрес бил на 13 километри јужно од Елбистан.

Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од два километри, на оддалеченост од 67 километри североисточно од Кахранманмарас.

Бројот на загинати во Турција и Сирија се зголемува додека спасувачите се обидуваат да ги извлечат затрупаните под урнатините.