Војната меѓу Израел и Хамас го одзема фокусот од конфликтот во Украина, призна претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој рече дека тоа е една од целите на Русија, која ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, пренесе Би-Би-Си.

Зеленски негираше дека борбите во Украина дошле во ќор-сокак, и покрај неодамнешната проценка на врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни.

Залузни ѝ рекол дека војната сега преминува во статична фаза и дека Москва ќе има корист од тоа „да и дозволи да ја врати својата воена моќ“.

Зеленски одговори дека сите се уморни и дека има различни мислења.

– Но, ова не е ќорсокак – истакна тој.