„Нашата нова голема тема, голема идеја, треба да биде големо општествено и националано помирување и обединување околу европскиот концепт, околу европскиот пат на државата. Обединување – на сите нивоа. Да се мобилизираат сите прогресивни сили со кои делиме исти вредности. Да се консолидира македонското ткиво, околу клучните политички и европски магистрали. Да се обединиме и меѓуетнички, затоа што Македонија е нашата заедничка држава. Време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднината“ рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.

Тој додаде дека треба да се препознае моментот и да се преземе заедничка одговорност и да се обедини за главните прашања за иднината на Републиката.

„Да не дозволиме да останеме заглавени во живиот песок на периферијата на новото време. Да се спротивставиме на отровниот популизам, лажниот патриотизам и национализам. Популизмот и лажниот патриотизам станаа опасен дел од секојдневните политики на нашите политички опоненти, во заложништво на радикални ликови“ рече Зечевиќ.
Генералниот секреатр на СДСМ рече дека политичката агонија и неодговрноста во клучен историски момент ја труе денешнат амакедонска политичка сцена и го враќа Македонецот постојано назад, да се чувствува како жртва.

„Врие од ликови кои за интересите на туѓи бели дворови сакаат одново да го заглават македонскиот народот. Подготвени се да минираат сè и да го разнесат европскиот пат. Македонецот да остане надвор од интеграциите, други да му бидат газди, да му судат и пресудуваат. Ние не смееме и нема да го дозволиме тоа“ рече Зечевиќ.