Vestiplus.mk
+ Centar МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Заев: Нашата советничка група е најдобрата понуда за Гостивар, за да ги спречиме блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата

Во недела граѓаните ќе го кажат своето, ќе и дадат ветер во грбот на својата земја, ќе ја поттурнат напред и ќе им го покажат грбот на деструктивните сили, секој го гледа нашиот труд последниве години за да ја унапредиме државата и квалитетот на животот, порача вечерва од Гостивар претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој посочи дека ќе продолжат успесите на нашата држава и дека СДСМ во секоја општина го носи Најдоброто.

„На овие избори покрај градоначалничките места исто толку важни се и листите за советници. Развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети,од нивната капацитетност и одговорност пред граѓаните. Затоа, ве повикуваме, во недела, да гласаме за советничките листи на СДСМ и Најдоброто, за советници кои ќе реализираат проекти, а не за оние кои блокираат и опструираатДа гласаме за развојот кој го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ.

Да не им дозволиме да блокираат градинки, училишта, улици, водоводи, канализации, паркови. Сите сме сведоци на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Тоа сакаат да го прават и во советите, но нема да им го дозволиме. Нивните блокади кога се малцинство, не можат да му наштетат на народот.Токму затоа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ама и Алијанса и Села треба да бидат малцинство во советите.Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ, кои ќе соработуваат со централната власт.“ порача Заев.

Претседателот Заев се осврна и на понудата, на досегашните и идни проекти важни за развој на Гостивар.

„Ние овде во Гостивар одлична листа имаме, составена од докажани, професионални, чесни и угледни имиња, имиња кои Гостивар ги знае и ги почитува, луѓе подготвени да работат за својот град за своето населено место. И само така знае да работи СДСМ, секогаш за и секогаш со граѓаните и тоа го покажуваме во континуитет.

Како централна власт покажавме дека не ги делиме општините на мали и големи, на важни и неважни, на опозициски и владејачки. Ние инвестираме во својот народ, без разлика во која општина живее.

Доказ за тоа е и Гостивар, доказ за тоа се бројните важни проекти во кои инвестиравме.

Овде во Гостивар како централна власт поддржавме реализација на: Изградба на гасоводната линија Гостивар – Кичево, проектот се финансира со кредит од ЕБОР, рехабилитација на магистралниот пат Гостивар – Колари во должина од 28,5 километри, изградба и опрема на детска градинка во Општина Гостивар, со капацитет за 90 деца, набавка на 7 возила за одржување на јавна хигиена преку проект МСИП, изградба на водоводна мрежа во Гостивар, нова спортска сала – ОУ Мустафа Кемал Ататурк.

Ете што значи вистинска грижа, ете што значи Најдоброто за секоја општина.

Така и ќе продолжиме почитувани граѓани, затоа што секој регион секоја општина мора да се развива рамномерно, сите граѓани да имаат еднакви услови за живот.

Следуваат нови важни проекти за Гостивар поддржани директно од централната власт.

Еден од нив, можеби најважниот е изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани – Кичево, што истовремено ќе значи подобра поврзаност на Гостивар и повеќе можности за забрзан економски раст.

Ние продолжуваме да инвестираме во секоја општина, во секое населено место. За да си ги задржиме младите во нивните општини.Искористете ја шансата и во недела одберете го Најдоброто за Гостивар. Гласајте за советничката листа и за бројот 12“ порача Заев.

Можеби ќе ве интересира...

133 сообраќајни прекршоци во Скопје, 75 санкции за брзо возење

В+

Како да се заштитите кога на Viber ќе ви стигне измама од непознат број?

Vesti +

Заев: Празникот на радоста и љубовта, со кои го славиме успението на Богородица во Царството Божјо после нејзината смрт, ни потврдува дека во димензиите на вечноста овие вредности се исто така – вечни

В+

16 годишен малолетник управувал мерцедес и се судрил со сканија – момчето итно пренесено во болница

В+

Вчера се аплицирани 17.521 вакцини

Vesti +

СИТЕ ГИ ПРАВААТ ОВИЕ 3 ГОЛЕМИ ГРЕШКИ: Многу грешите доколку го правите ова при подготвувањето тестенини

Vesti +