Мандатарката за состав на новата влада на Србија, Ана Брнабиќ, изрази надеж дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нема да се повлече од таа функција, но оцени и дека тоа што рекол дека на овој начин ќе купи шест до девет месеци за Србија е уште еден клучен доказ за тоа колку е тој првенствено посветен на Србија и колку се грижи за тоа.

– Се надевам дека нема да дојде до тоа, но мислам дека претседателот сега им испрати порака на странците дека е подготвен да оди толку далеку и да ја жртвува својата позиција. Дури и да се случи тоа, се надевам дека никогаш нема да дојдеме до тоа, но и да се случи, се додека постои СНС, таа политика нема да се промени, па претседателот ќе ни купи драгоцено време, но одговорите секогаш ќе бидат исто, додека е СНС – изјави Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ на Пинк.

Таа рече дека Вучиќ е „политички мозок“ и дека никогаш не прави потег без претходно планирани три потези и алтернативни потези.

– Мислам дека никогаш нема да дојдеме до тој степен да бидеме во таква безизлезна ситуација да мора да ни купи шест до девет месеци со оставка, но крајно одговорно е некој да каже „мене функцијата не ме интересира“ – затоа што не може да го има следниот мандат“, рече Брнабиќ и додаде дека и е чест да работи рамо до рамо со таков човек.

Брнабиќ рече дека целиот свет знае за Вучиќ и Србија како земја која води независна надворешна политика во тешки времиња.

– Мислам дека дознаа дека Србија веќе нема влада направена од тајкуни и амбасадори, туку има влада која е таму да работи исклучиво во интерес на нашиот народ и нашата земја – додаде Брнабиќ.