Постои одредено ниво на загриженост дека Русија може да ги зголеми своите напади врз Украина по повлекувањето од Керсон. Русија неодамна изврши одмазднички напади врз градовите, вклучувајќи го и главниот град Киев, по успешните офанзиви на Украина на бојното поле.

Токму поради ова, а со цел да се заштити населението, во Керсон е воведен полициски час.

Олексиј Кулеба, шеф на воената администрација на регионот Киев, изјави за Би-Би-Си дека нивото на закана од напад за регионот на Киев останува високо и може да се зголеми по вестите во Керсон.

– Навистина, во текот на изминатиот месец, по успехот на фронтот на вооружените сили на Украина, видовме масовно гранатирање на мирните населби во Украина. Сега сакам да кажам дека заканата од ракетни напади врз регионот на Киев останува голема – изјави Кулеба, пишува Индекс.

Тој посочува дека Украина има работа со „гнасен и непредвидлив непријател“.

-Имаме работа со грд и непредвидлив непријател. Постојано сме во потрага и како власти правиме се што е можно – заклучи тој.

Од друга страна, властите воведоа полициски час во Херсон заради безбедноста на жителите, изјави во видео порака шефот на регионалната воена управа Јарослав Јанушевиќ.

– Наша задача е да ја обезбедиме безбедноста на вашиот живот. Затоа, принудени сме да воведеме полициски час од 17:00 до 08:00 часот. Соодветната наредба беше потпишана од шефот на воената администрација на градот Керсон – рече тој.

Јанушевиќ предупреди и дека излегувањето и влезот во градот ќе биде ограничено поради деминирање.