СВР Штип поднесе кривична пријава против три лица од Турција, на возраст од 23, 21 и 23 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“.
На 03.11.2026 во куќа во с. Стар Караорман, штипско, пријавените со закана со огнено оружје од шест лица, сите од Турција, одзеле шест лаптоп-компјутери, пет мобилни телефони, пари и лични документи на едно од лицата.