Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, пренесоа британските медиуми.

Од нив, 64 биле убиени во регионот на Киев, а 50 во регионот на Доњецк.

Во инвазијата се повредени 199 деца, додаде обвинителството.

Британските медиуми забележуваат дека во моментов нема независна потврда на овие податоци на Украинското државно обвинителство.