Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали.
Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги.
Еве јасно ќе им кажеме и во оваа прилика, буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања.
Ако не слушаат во јавност и не ги гледаат јавните настапи на надлежните ќе им кажеме дека немаат простор за грижа, како што велат. Треба да знаат дека буџетскиот дефицит не треба да го анализира преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто домашниот производ. Само така можат да добијат реална споредба низ годините.
За крај да биде јасно, малку размислете пред да излегувате да зборувате бесмислени и нереални работи.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...