Иако новата 45-метарска повеќенаменска противпожарна скала беше клучна за гаснењето на пожарот на катната гаража „26 Јули“ во Скопје синоќа, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение прашуваат каде е таа и зошто не била користена.

Пожарот кој избувна синоќа на кровот на катната гаража во ресторанот за свадби „Рагуза“ беше брзо изгасен, при што се избегна поголема штета и зафатување на долните делови од катната гаража.

„Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучна за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета“ информираше Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прво ја критикуваше набавката на овие проотивпожарни згради, а денес и дрско лажат дека тие ги немало и не се користат. Со, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски истовремено критикуваат модернизација на противпожарните бригади, обвинуваат за неинвестирање во нив, а потоа и лажат дека модерната опрема не се користи за гасење на пожарите, потенцувајќи ги граѓаните и надевајќи се на ситни политички поени.