Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Филипче молчи и не го осудува преседанот во дипломатијата од страна на Бугарија со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски.

Се појави документ со дипломатски материјали и чувствителна содржина, кои засегаат безбедносни аспекти поврзани со државниот врв, а реакција од Филипче и опозицијата изостана. Филипче избра тишина наместо јасна осуда и барање одговорност.

Политичките соработници на Филипче, бугарските власти на чело со Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, историја и култура, направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски.

Документот за којшто се уште нема извинување од официјална Софија, објавен е на социјалната мрежа фејсбук, во којшто јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирало обезбедувањето.

И наместо осуда Филипче и СДС молчат со што дополнително се отвораат сериозни прашања за нивната политичка доследност и приоритети. Дали Филипче молчи поради блискота со неговите бугарски соработници?

И покрај ваквите постапки кои се дел од поширок политички притисок кон Македонија, државата ќе продолжи со евроинтегративниот пат без разлика на надворешните притисоци и предизвици.