На 03.06.2026 во 15:25 часот во СВР Тетово, 71-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од 50-годишник од село во општина Боговиње за износ од 500 евра.
Според пријавеното, лицето му ветило дека ќе му помогне во процедурата за добивање туѓа нега.
Како што е пријавено, тој му ги предал личните документи и му исплатил 500 евра, по што лицето престанало да му одговара на повиците.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...