За време на постудените месеци, нашиот имунитет обично слабее, така што може да страдаме од настинки, грип или некоја друга болест, и сега треба да бидеме особено внимателни со оглед на зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од КОВИД-19.

Понекогаш може да биде тешко да се одреди што точно ве мачи, особено затоа што многу од симптомите на коронавирус и грип се слични. Тогаш, како ќе знаете дали вашиот долготраен грип всушност бил КОВИД?

И грипот и КОВИДОТ се предизвикани од прилично заразна вирусна инфекција која може да предизвика низа респираторни симптоми. Понатаму, дури и некои вакцинирани луѓе можат да се инфицираат со коронавирус, а потоа обично имаат блага форма на инфекција, па затоа може да мислат дека тоа е всушност настинка или грип.

Грипот оваа година трае подолго

Оваа година, грипот кај многу луѓе трае подолго отколку во претходните години и може да предизвика доста сериозни симптоми, поради што треба да побарате медицинска помош за да се уверите дека станува збор за грип или нешто посериозно.

Бидејќи минатата година не бевме изложени на сериозна сезона на грип, оваа болест кај многу луѓе трае подолго оваа година. Одредени симптоми можат да траат долго, а кај некои луѓе траат исто колку и симптомите на КОВИД-19.

Пост-вирусна слабост може да предизвика долготрајни симптоми како што се болки во телото, треска, замор, оставајќи впечаток дека инфекцијата со грип трае доста долго време.

Како да разликувате симптоми на грип и КОВИД?

Поради зголемениот број вакцинирани луѓе, некои можат да се заразат со коронавирус и да имаат блага форма на болеста, дури и без да бидат свесни за тоа. Но, ако сте исто така вакцинирани против грип и ковид, имајте на ум дека она што го поминувате може да биде само рутински грип и дека страдате од долготрајни симптоми.

Од друга страна, ако сте забележале дека симптомите се влошуваат од ден на ден и дека треската не стивнува веќе 3-4 дена, можно е да сте се заразиле со коронавирус. Други симптоми како што се болка во градите и губење на мирис и вкус може да се појават кај луѓе со ковид.

Ако некое лице не е вакцинирано против КОВИД, може да има повеќе симптоми отколку вакцинираното, вклучувајќи гадење, отежнато дишење, „магла во мозокот“, екстремен замор и слично. Ако се сомневате во инфекција со коронавирус, треба да бидете тестирани за да започнете со лекување на време и да не го ширите вирусот понатаму.