Сезоната на грип е пред нас, а добрата вест е дека одредени видови зелен зеленчук можат да помогнат во зајакнувањето на вашиот имунолошки систем.

Се подразбира дека зелениот зеленчук е генерално многу корисен за телото бидејќи содржи витамини, минерали и други клучни хранливи материи. Како и да е, би го издвоила кељот како намирница која треба да ја консумирате најчесто, изјави за еден магазин нутриционистката Лорен Манакер.

Таа додаде дека кељот е најдобар бидејќи содржи 2 есенцијални состојки кои помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем: витамини А и Ц.

– Витаминот А е одличен за одржување на здравјето на кожата. Како најголем орган во човечкото тело, со помош на овој витамин, кожата ќе стане доволно силна за да ве заштити од фактори кои можат да доведат до болести, како бактерии и хемикалии. Добро е и за варење – објаснила таа.

Таа додаде дека витаминот Ц го стимулира создавањето на антитела кои телото ги користи за да ги „одбрани“ вирусите и бактериите.

– Кељот можете брзо да го подготвите така што ќе го додадете во смути или ќе го динстате со маслиново масло и кромид – заклучила таа.