Во Собранието денеска продолжува расправата за францускиот предлог трет ден по ред. Седницата е закажана во 11 часот.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Дебатата во Собранието вчера се одвиваше во слична атмосфера како што започна со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаат пратениците на СДСМ.