Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје.

Според СВР Куманово, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со кумановски таблички, управуван од 24-годишен жител на Куманово, и електричен тротинет што го управувало малолетното дете.

Детето било пренесено во кумановската болница, каде што лекар констатирал смрт. Возачот на автомобилот бил приведен и задржан во полициска станица.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово. Надлежните ги утврдуваат причините за трагичниот настан.