На 11.09.2021 околу 20,50 часот во Штип на ул.„Велко Влаховиќ“ во близина на мост на река Брегалница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген Т-Рок“ со штипски регистарски ознаки управувано од З.С.(46) од Штип и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.П.(56) од Штип.

По несреќата возачот Ј.П. е пренесен во клиничка болница-Штип каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Штип.