На 18.03.2022 во 17.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(63) од Штип, и патничко моторно возило “фиат пунто“, со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(36) од с.Сливник-велешко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот К.Т. и сопатникот од возилото “фиат пунто“ А.Ш.(50) од с.Сливник-велешко, а со телесни повреди се здобил возачот И.М. констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.