Политиките на СДСМ даваат резултати во секој сегмент, што се потврдува и со извештаи на реномирани меѓународни организации. Благодарение на заложбите на СДСМ Република Северна Македонија денес е меѓу најбезбедните држави во светот. На најновата ранг-листа на Глобалниот индекс за мир, што секоја година ја изготвува Институтот за економија и мир, се наоѓаме на 36-то место, што е 4 места повисоко од лани, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Тој додаде дека во 2017 година, кога СДСМ ја презеде власта, Македонија се наоѓаше на листата на Глобалниот индекс на мир, на 97-то место, а сега е држава со „високо ниво на безбедност“. Ова се должи на политиките на СДСМ и реформите спроведени во Министерството за внатрешни работи за професионализација, департизација и декриминализација, што го врати чувството на безбедност и сигурност кај граѓаните и довербата во институциите.

Талески истакна дека напредокот и ефикасноста на полицијата е потврдена и во годинешниот Извештај за напредок на Европската комисија, особено во имплементацијата на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, во борбата против трговијата со дрога, во донесувањето стратешки документи од областа на граничното управување и миграцијата, во унапредувањето на капацитетот за финансиски истраги, како и во меѓународната полициска соработка.

Од држава која во 2017 година беше на раб на граѓанска војна и реализација на црни сценарија, денес сме држава членка на НАТО, која ги почна преговорите за членство во Европската Унија, промотор на мирот и стабилноста во регионот, држава во која полицијата е во служба на народот, изјави Талески.