Автомобил марка “јагуар” излетал од автопатот Тетово – Скопје, кај Ласкарци.

Според информациите на македонската полиција, несреќата се случила нешто пред 18 часот, кога возило марка “јагуар” со гостиварски регистарски таблици, управувано од 49 годишниот Н.И. од село Чегране, излетало од патот.

На лице местозагинал 53 годишниот сопатник Н.З., а возачот и уште двајца сопатници биле повредени и итно пренесени во скопските клиники.

Од полицијата најавуваат официјална информација во утрешниот билтен.