Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена бараат предвремени парламентарни избори во надеж дека на тој начин ќе ја прикријат неспособноста и неработењето на нивните градоначалници, посочи потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.

Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ соочени со секојдневниот неуспех на нивните градоначалници кои што многу ветија, а малку испорачуваат во првите 100 дена брзаат на било каков начин да има предвремени парламентарни избори, знаејќи дека доколку тие бидат редовни, како што ќе бидат во 2024 година, неспособноста на нивните кадри на кои народот им даде шанса да ги види и да раководат ќе се покаже, истакна Богоев.

Тој изрази жалење, што и покрај повикот на претседателот Ковачевски како премиер на партиципативно раководење, конструктивна вклученост и на опозицијата, од ВМРО – ДПМНЕ како најголема опозициска партија повторно излегуваат со уценувања и условувања.

Не слушаме предлози за енергетската криза, имаше предлог градоначалниците во Скопје и градоначалничката Данела Арсовска да помогнат, но не помогнаа, не слушаме предлози за надминување на здравствената криза, а за Бугарија и за темата и преговорите кои што се одвиваат во моментот, слушаме едно во јавност додека бугарската делегација не е тука, а кога доаѓа бугарската делегација и се сретнува со Христијан Мицкоски слушаме еден поприлично омекнат тон, нагласи Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев при гостувањето во „Утрински брифинг“.