Започнавме преговори со ЕУ, Мицкоски сака да направи штета и да ја врати државата назад, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Богоев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува работата околу референдумот поради тоа што имаат проблем со прашањето.

„Мицкоски ја завлекува работата околу референдумот, мислам дека имаат проблем во формулирање на прашањето. Сакаат наводно да направат некаков референдумот но сепак не се доволно храбри да истакнат што им е целта, односно дали се за членство во ЕУ или не се. Едноставна е работата, условите за членство во ЕУ се јасно и сега тие сакаат да направат ретроградни чекори назад да се врати државата. Тоа само внатрепартиска цел за државата може да донесе само штета. Со еден таков експеримент може да се доведеме во таква ситуација„ рече Богоев.