Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Шаховска Федерација на Македонија
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија.

На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски и светски првенства во нашата држава, како и за важноста од продуцирање на соодветно обучен кадар за развој и поддршка на шахот.

Нагласувајќи ги придобивките од афирмацијата на овој спорт кај младите, претставниите на ШФМ ги споделија досегашните искуства од реализацијата на проектот „Шах во училиштата“, кој како што истакнаа, е високо оценет и од Светската Шаховска Организација (FIDE).

Денешната посета беше можност претседателот Пендаровски, на партија шах, да поразговара и со 8 годишната Нина Миновска, ученичка во ООУ „Киро Глигоров“, која го изучува шахот како изборен предмет и со 15 годишниот Антон Златков, шампион во сите категории и член на младинската репрезентација кој ги сподели постигнатите успеси.

Претседателот им порача на младите шахисти да го негуваат својот талент, посакувајќи им големи шаховски достигнувања во иднина.

Можеби ќе ве интересира...

Вратете му ја пријатната миризба на вашиот капут без перење: За 15 минути ќе биде чист и свеж!

В+

Спироски: Најголемата предност од договорот со „Бехтел-Енка“ е што се знае дека изведувачот ќе си ја заврши работата и го има знаењето

Vesti +

Заврши вечерашната владина седница – Донесени серија важни одлуки

В+

ХРВАТСКИ ВОЈНИК СВЕДОЧИ-ЗЕЛЕНСКИ ГО „ИЗНЕВЕРИ“ АЗОВ: „Само еден генерал им помогна“

Vesti +

И тоа е можно: Казнета со 192.825 евра за брзо возење

Vesti +

Ковачевски: Имавме силна порака од Штајнмајер, не треба самите да ставаме кочница како опозицијата

Vesti +