Состојба на патиштата
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Состојба на патиштата

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Магистралниот пат А3 Битола-Ресен, кај превојот „Ѓавато“, „Кај Чешмите“ и кај с.Кажани е нормализиран.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Минирањето на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани кое беше најавено за 01.07.2021 (четврток), е одложено за 05.07.2021 (понеделник) , кога сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 ч. – 15:00 ч. во времетраење од 15 – 20 минути.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

РАБОТИ НА ПАТ:

ЈП Македонијапат на регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) врши градежни работи чистење на банкини косење и кастрење на гранки на делот од Царина до Трпејца.

ЈП Македонијапат известува дека од 29.05.2021, на регионалниот пат Р – 29275 крак Тетово – крак Попова Шапка и крак Шипковица – Бродец – Вешала, поради изведување градежни работи (асфалтирање), во наредните 30 дена сообраќајот ќе биде во прекин од 08:30 до 16:30 часот секој ден, освен во недели и празнични денови. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Македонијапат подружница Велес известува дека ќе изведува градежни работи (надоградба и поправки) на коловозот на регионалниот пат Р – 1103 патен правец Кавадарци – Дреново од 26.05.2021 г. во наредните 30 дена. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

ЕСКАВАТОРИ- МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница : Куманово- Страцин дел 1: од KM 0+000.00 до KM 15+195,85

Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница: Лакавица – Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно ќе се затвори сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.

Штрабаг АГ известува дека на магистрален пат, делница А4 Штип – Радовиш на стационажа км 4+040 се одвиваат градежни активности, сообраќајот се одвива по девијации и е регулиран со привремена сигнализација односно семафори.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Работите за наведениот проект предвидени се да завршат на 31.07.2021.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан (од бензинска пумпа ОКТА до влез во с. Франгово) брзината е ограничена на 40 км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.П. Викторија Инвест од 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани започна со изведување на градешни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир).

Поради изведување на градежни активности за рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, има промена на режимот на сообраќај. Сообраќајот се регулира со светлосна сигнализација, односно семафори.

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р. Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Подгответе се: Доаѓа студен и влажен бран со пороен дожд, грмежи, а некаде и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Повремен локален дожд ќе има и во недела. Во понеделник... Прочитај повеќе...

Брнабиќ: Преку Отворен Балкан увозот од Северна Македонија порасна за 56%, големи придобивки имаат сите

Голема благодарност до претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, но и на сите во Собранието што придонесоа за тоа да се ратификуваат договорите од Отворен Балкан, за да можеме конечно да ги имплементираме договорите, рече српската премиерка Ана Брнабиќ. -Така граѓаните и стопанството уште повеќе ќе видат корист од оваа иницијатива.... Прочитај повеќе...

Брнабиќ: Северна Македонија е водечка земја во Отворен Балкан, а приклучувањето во иницијативата е економски паметна одлука

Српскиот културно-информативен центар во Париз ќе се даде на користење на промоција на иницијативата „Отворен Балкан“, кажа српската премиерка Ана Брнабиќ. -Република Северна Македонија и нивното министерство дадоа согласност за програмата за промоција на Отворен Балкан. Бев во контакт со албанскиот премиер Еди Рама, за и нивното министерство да даде... Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Претрес во Гевгелија, приведен дилер на дрога

Vesti +

Каевски: Мицкоски да биде сериозен и да се појави на лидерската средба, не да спинува дека немал покана

Vesti +

Пожар во Ресен – изгоре куќа, повредени татко и син

Vesti +

226 санкции за брзо возење

Vesti +

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

Vesti +

СДСМ: Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува, Владата предводена од СДСМ ја решава енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните

Vesti +