Со Планот за активности за Стратешкиот дијалог ја зацврстуваме соработката меѓу Северна Македонија и САД, ги промовираме нашите стратешки интереси и на глобален план
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со Планот за активности за Стратешкиот дијалог ја зацврстуваме соработката меѓу Северна Македонија и САД, ги промовираме нашите стратешки интереси и на глобален план

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, одржаа прес-конференција, на која информираа за активностите во врска со Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД.

Премиерот Ковачевски информираше дека Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го прифати текстот на Планот за активности во рамките на Стратешкиот дијалог на Република Северна Македонија со САД.

„Со ова го потврдуваме силниот сигнал дека Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и тоа за нас како држава е од голема важност. Сега од кога било, со дијалогот ја надградуваме нашата досегашната соработка, партнерство и заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет, почитување на правото, борба со корупција и криминал и другите закани по мирот ширум светот“, изјави премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот Османи.

Премиерот потсети дека нашата држава годинава обележува 15 години како одржуваме стратешко партнерство со САД, период во кој континуирано добиваме поддршка во демократскиот и економскиот развој на земјата.

„Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан која одржа Стратешки дијалог со САД. Тоа е само надградба на досегашното долгогодишно стратешко партнерство меѓу двете земји и подигнување на билатералните односи на повисоко ниво. Владата предводена од СДСМ, постави стратегиски определби за Северна Македонија и истите ги остваруваме со инцијативи и конкретни чекори, независно дали се работи за внатрешна или надворешна политика. Тоа е единствениот начин да ја развиваме земјата, единствено така можеме да придонесеме за промоција на нашите стратешки интереси и на глобален план“, нагласи премиерот.

Во своето обраќање, премиерот Ковачевски ги потенцираше приоритетите на Владата.

„Наша заедничка цел е што побрзо членство на Северна Македонија во Европската Унија, бидејќи на нашите граѓани им се потребни европски институции, европски стандард, европска иднина. За да го оствариме тоа потребни ни се структурни реформи, за тоа ни е потребно единство, одлучност, сега не е време за партиски калкулации. Цврсто сум убеден дека местото на Северна Македонија е во кругот на земјите-членки на Европската унија, затоа треба да ги искористиме сите можности и врз основа на поставени принципи на заштита на интересите на граѓаните да го оствариме тоа“, смета премиерот.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, најави дека Стратешкиот дијалог со САД и сите предвидени проекти за соработка стануваат дел од Владината програма за работа.

„Првата област на интензивирана соработка и приоритетна активност во рамките на Планот за активности е борбата против корупцијата и владеењето на правото. Утврдивме и посебно поглавје во Планот за активности што се однесува на имплементацијата на антикорупциската политика. Предвидени се активности кои имаат за цел поддршка на судските реформи преку споделување стручно знаење, а сѐ со цел зголемување на кредибилитетот и довербата во судството“, рече министерот Османи и продолжи: „Предвидено е зајакнување на соработката во областа на одбраната, сојузништвото во рамки на НАТО и други безбедносни сегменти. Меѓу другото тоа подразбира одржување заеднички обуки и вежби со САД како и поддршка за модернизација и опремување на нашата Армија. Дефиниравме тесна соработка со САД и во рамки на нашето претседавање со САД – Јадранската повелба, или А5, особено во делот на креирање еден нов наратив на Повелбата “, појасни министерот Османи.

Тој наброи и други области каде ќе зајакне соработката, меѓу кои во делот на економската соработка, го истакна планираното воспоставување соработка со Корпорацијата на САД за финансирање меѓународен развој (US International Development Finance Corporation – DFC) и нашиот долгорочен интерес за отворање на регионално претставништво на оваа институција во Северна Македонија.

Министерот Османи најави и дека се предвидени проекти со цел надминување на енергетските предизвици, потоа организирање на голем бизнис форум меѓу двете земји и воспоставување директна авиолинија Скопје – Њујорк, како и амбиција на државата за приклучување кон Програмата за глобален влез (Global Entry Program) на САД.

Планот за активности содржи и проекти кои се однесуваат на културната размена, зајакнувањето на образовната соработка, како и зајакнување на врските меѓу академските заедници, активности кои се насочени кон унапредување на врските и доближување на народите од двете земји.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Остин: Украина ќе има добри шанси за успех

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин смета дека Украина има многу добри шанси да започне успешна контраофанзива во пролетта оваа година поради значителното исцрпување на руските сили и западното оружје, пишува Украинска Правда. – Мислам дека напролет ќе видиме интензивирање на непријателствата бидејќи се подобруваат условите за маневрирање и врз... Прочитај повеќе...

Поранешниот американски потпретседател мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол на 6 јануари

Пред големата порота за разговорите, федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи за разговорите што ги имал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судијата во одлуката рече дека Пенс сепак може да одбие да одговори на... Прочитај повеќе...

Пукање во Хрватска: Син си го убил таткото, а потоа и себеси?

Еден маж е убиен во хрватскиот град Винковци при синоќешната престрелка. Во 22 часот и 39 минути во полиција било пријавено дека маж е убиен од огнено оружје. Полициски службеници на местото на настанот пронашле мртво тело на маж и утврдиле дека сторителот се оддалечил од местото на настанот, пренесува... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Герасимовски: МВР изврши увид во катната гаража кај ТЦ „Буњаковец“ – оштетени се вкупно 18 возила и приведено едно лице

В+

Дали некој ја саботира АНБ?

Vesti +

СДСМ: Наместо уцени, раководството на СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%

Vesti +

Министерот Спасовски на средба со субрегионалниот координатор за Западен Балкан на Меѓународната организација за миграции, Лаура Лунгароти

Vesti +

Ненад Коциќ: Започна теренска вакцинација, сите граѓани да се вакцинираат, да го заштитиме јавното здравје

Vesti +

175 санкции за брзо возење

Vesti +