СВР Битола поднесе кривична пријава против лице (54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг’’ и ,,прикажување на порнографски материјал на дете’’.

Пријавениот во викенд куќа во битолско, во повеќе наврати, вршел полови дејствија пред неговиот малолетен син и му прикажувал видеа со порнографска содржина.