Лекарите од целиот свет се согласуваат дека осум чаши вода на ден се основа на здравата исхрана, и т.н. саси вода е вода со пријатни ароми на краставица, лимон, ѓумбир и нане.

Може да додадете и други парчиња од омиленото овошје. Како што домаќинките си пренесуваат една на друга, оваа вода ќе ве разбуди одвнатре, ќе ве освежи и ќе ви помогне да изгубите килограми.

Состојки:

8 чаши вода
1 лажичка рендан или сецкан корен од ѓумбир
1 краставица, исечена на парчиња
1 лимон, исечен на парчиња
12 лисја свежо нане

Подготовка (никогаш поедноставно):

Измешајте ги наведените состојки со вода. Оставете ја смесата да отстои преку ноќ, оставете ја целата храна да ги ослободи своите ароми и пијте го пијалокот во текот на следниот ден.