Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од -2 до 4 степени, при што најстудено ќе биде во западните и повисоките предели, каде температурите ќе се спуштат под нулата. Во текот на денот, температурите ќе бидат во пораст и ќе достигнат од 15 до 23 степени, со најтопло време во југоисточните делови од земјата.