Денеска ќе биде сончево и тивко со мала локална облачност.

Во Скопје претежно сончево и тивко.

Утре и во понеделник претпладне ќе се задржи стабилно време, по котлините со појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој од вторник попладне ќе го промени правецот во северен.