Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја блокира работата на Собранието и да кочи важни закони.

Со недолично однесување, со закани за физичко насилство, денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја блокираа седницита и расправата по Предлог Законот за Академија за судии и обвинители.

По кој знае кој пат, ВМРО-ДПМНЕ партијатазаштитник на криминалот жестоко се спротивставува на процесот на јакнење на судскиот систем во државата.

Нема закон кој е од интерес на државата, од интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ да не го кочи и блокира.

Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на партијата предводена од Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата.

Но ниту една блокада, ниту една закана од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството и градењето силен, независен и ефикасен судски систем кој неселективно се борит против криминалот и корупцијата.