Наместо да шират невистини, неосновано да ја плашат јавноста и со тоа да ги поткопуваат државните позиции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да застанат зад државните интереси, потенцираат од владејачкиот СДСМ.

„Мицкоски исто вака ја лажеше јавноста дека државата ќе ни се распрачела, а пред Бојко Борисов велеше дека „го поткрепа„ Договорот. Истиот тој Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе се населеле еден милион мигранти, дека со Законот за јазиците секој ќе мора да учи друг јазик и што ли уште не. За жал ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ“, е истакнато во нивната реакција.

Нема да има никава асимилација на македонскиот народ, граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат, e наведено во нивното соопштение.