Соопштение на СДСМ:
Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“.
Фактите се непобитни:
* Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот.
* Индустриското производство во првите пет месеци од 2026 година е намалено за 0,3%, а во мај падот изнесува 2%. Преработувачката индустрија, производството на електрична опрема, машини и моторни возила се во слободен пад.
* Потрошувачката кошничка континуирано поскапува. За две години кошничката поскапе за 10.000 денари, додека нема пари за зголемување на минималната плата. Цените отидоа до плафон бидејќи Владата не сакаше да воведе мерки по почетокот на кризата и со тоа да го запре забрзаниот раст на цените на горивата.
* Инфлацијата останува висока, особено на храната и енергијата, додека реалниот стандард на граѓаните се топи.
Наместо инвестиции, нови фабрики и подобар животен стандард, добиваме само нови долгови, празен буџет и криминални тендери кои се единственото што функционира под оваа Влада.
Мицкоски може да продолжи да се фали со измислена „трета економија во Европа“. Реалноста е дека Македонија под негово раководство бележи историски пад на странски инвестиции, индустриско производство во минус и граѓани кои секој месец се сиромашни за илјадници денари.
Ова не е економски раст туку економско уништување од организирана криминална група која ја претвори државата во приватен бизнис.
Мицкоски дојде на власт со лаги, сега владее со лаги.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...