Руските копнени сили утрово од повеќе правци влегле на украинска територија, соопштија украинските гранични сили.

„Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, ја нарушија границата во регионите на Чернихив (северна, белоруска граница), Суми (североисточна, руска граница), Луганск и Харков (источна, руска граница)“ и преку преминот меѓу полуостровот и континентална Украина, се наведува во соопштението.

Украинските сили објавија и видео на кое се гледаат возила означени со буквата „З“.