Најголем дел од руските сили сега се на само 30 километри од центарот на Киев, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Од таму, исто така, ја предупредија Русија дека жртвите „веројатно ќе бидат тешки и поголеми отколку што Кремљ очекуваше или призна“. Според најновите разузнавачки информации од министерството, „Русија допрва треба да ја преземе контролата над воздушниот простор над Украина, што во голема мера ја намалува ефикасноста на руските воздухопловни сили“.